Како што објави агенцијата Франс прес, веќе повеќе од 3.000 луѓе во Шведска изминативе три години вградиле микрочип под кожата.
Во Шведска околу 3.000 луѓе поради вградените микрочипови, повеќе не треба да носат лични картички, билети за воз а исто така и билети за автобуски карти.
Во 2015 година за прв пат оваа технологија се претстави во Шведска, а микрочипот изнесува колку мало зрно ориз. Во Шведска овие имплантанти почнуваат многу често да се користат во секојдневниот живот.
Пред две години СЈ шведските железници, кои се во државна сопственост, почнаа да ги скенираат рацете на патниците кои имаат биометриски чипови за да наплати за своите возни билети. Пред да тргне возот, патниците со својот телефон да го скенираат пределот на раката каде што се наоѓа чипот. На својот уред добиваат код кој покасно го прегледува кондукторот и им издава потврда за автобуски билет.
» Ова е нова технологија, користењето на овој пристап моментално не прави голема разлика. Но мора да ја пробаме технологијата и да научиме нешто повеќе од оваа нова област за да знаеме како да ја искористиме.
Оваа иницијатива ја гледаме како проба на новата технологија. Интересна е затоа што на некој начин ѕиркаме во иднината. Може да си платиме стандардно билет или да платиме билет преку чипот во раката.
Но чипот не мора да е во раката, може да биде вграден во прстен или во часовник. Ако сте човек кој ги заборава своите клучеви, тогаш оваа опција е подобра за вас. Имплантот ги заменува овие работи и го олеснува животот. Моментално проблемот е што неговата употреба е ограничена – вели офицер за печат од СЈ-железници, Стивен Реј.
50 вработени лица во компанијата за вендинг-машини во Висконсин, „Три сквер маркет“, се пријавија доброволно за да им вметнат микрочипови во нивните раце, кои после вметнувањето на чипот, можеа да ги користат за да купат закуски, да се логираат на нивните компјутери или да користат печатач.
Експертите веруваат дека оваа модерна технологија од микрочипови не е баш доволно напредна за да биде хакирана.
» Основачот на „Бионифинкен“, Ханес Сјоблад за „Тек инсајдер“ вели дека човечкото тело е следната голема платформа. Интернет на нештата или разните уреди кои се поврзани меѓу себе е одамна познат концепт. „Поврзаното тело“ е нов феномен, а овој имплант е само дел од него. Ние ја надградуваме технологија во голем обем. Паметна облека, паметни часовници и прстени.
Но сите овие работи кои се носат денес ќе се имплантираат во следните од 5 до 10 години. Кој сака да носи несмасен паметен телефон или паметен часовник кога можете да имате чип некаде во себе и кој нема да го заборавите. Мислам дека тоа е насоката во која се движат светот и технологијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.