Во јули оваа година, петмина членови на криминалната група Дуќанџик/Грчец беа обвинети за трговија со кокаин и двојно убиство. Како водач на групата беше посочен Шеваљ Муареми, кој е прогласен за бегалец и се бара со меѓународна потерница. Според неофицијални информации, тој се наоѓа во Дубаи.
Екипата на КОД, која првично објави за неговото бегство, успеа да стапи во контакт со Муареми. Тој, преку неформален разговор, тврди дека против него нема цврсти докази.
Муареми одби да даде изјава пред камера, но разговараше со новинарката Снежана Лупевска, со која и се фотографираше. Во разговорот, Муареми изјави дека моментално работи во компанија за компјутери.
Тој тврди дека заминал во Дубаи шест месеци пред да биде распишана потерницата за него. Муареми објасни дека престојува во вила заедно со свој пријател од Албанија и дека неговата работа во технолошката компанија му обезбедува стабилни приходи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.