Имено Николоски истакна дека Шеќеринска набавила машина „Грејдер“  за двојно повисока цена од онаа која истата фирма ја продава во Србија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 11:22

Скандал во министерството за одбрана: Шекеринска набавувала машини вредни 470 илјади евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во заедничка дебата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски откри криминал тежок половина милион евра во минситерството за одбрана.

Имено Николоски истакна дека Шеќеринска набавила машина „Грејдер“  за двојно повисока цена од онаа која истата фирма ја продава во Србија.

-Како е возможно иста машина во Македонија да се купи за х цена за во Србија да се купи за цена поделена со два. Јас имам документи овдека пред мене, сте купиле „Грејдер“ на 6 јуни 2018-та година, две парчиња вкупна вредност 470 илјади евра од фирма „Корковадо“ од Белград. „Корковадо“ на 20.12.2019 година 6 месеци подоцна го продава истиот тип на машина во Србија исто така понудена на јавна набавка за 127 илјади евра. Како е возможно значи да имате толкава разлика во цена 235 илјади евра или ако одиме машина по машина од околу 100 илјади евра за истата машина од истата фирма. Тоа е прашањето на кое македонската јавност очекува одговор. Добро е да одговорите како е возможно „Корковадо“ во министерството за одбрана на Македонија да продава за 470 илјади евра две машини значи една да ја продава за 235 илјади евра, а во Србија истиот „Корковадао“ ја продава машината за 127 илјади евра, вели Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи...

Трамп рече дека падот на бројот на загинати во Њујорк „може да биде добар знак“ и индикација дека Американците почнуваат да гледаат „светло на крајот од тунелот“.

ТРАМП: Гледаме светло на крајот на тунелот- Лекарите убедени дека следува најтешката недела во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изрази надеж дека е направено балансирање...