. Од нив, 19 се од Северна Македонија, 3 од Црна Гора, 4 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово, се наведува во соопштението.

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 10:53

Шекеринска на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија (ВО ЖИВО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се обраќа на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија.

Од Министерството информираат дека на свеченоста, заклетва ќе дадат 40 питомци од 24. класа на Академијата кои ќе го започнат военото образование.

Од нив, 25 се од Северна Македонија, 8 од Црна Гора, 6 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово. – Во првиот офицерски чин, потпоручник, ќе бидат промовирани 27 питомци од 20. класа кои го завршуваат своето воено образование на Академијата. Од нив, 19 се од Северна Македонија, 3 од Црна Гора, 4 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово, се наведува во соопштението.

Шекеринска истакна дека вложувањатанеодамна воАрмијата во изминативе три години придонеле за прв пат по долги години, интересот да биде исклучително голем.

„За прв пат, за 70 места за војници имавме 750 кандидати- практично по 10 кандидати за секое место. Тоа покажува дека нашето вложување во институцијата, во подобри услови и опрема, веќе се забележува од страна на сите”, порача министерката. „Приемот во НАТО, доаѓањето на Бригадата на Југоисточна Европа, новата опрема и зголемените плати во Армијата, придонесот во вонредната состојба, лидерското место во транспарентност и довербата кај граѓаните, направија 2020 година да биде наша успешна година во делот на одбраната”, рече Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести