Вицепремиерката во интервјуто вели дека досегашниот мандат од 2,5 години бил период за решавање на најтешките прашања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 10:45

Шекеринска: Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години

Фото/Текст извор: ©прес 24

Можеме повеќе значи дека ја поставивме државата на прав пат, поставивме темел и сега на тој темел ќе градиме цврста, побогата и посреќна држава, вели министерката за одбрана и носител на листата на СДСМ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска во интервју за Прес24, потенцирајќи дека слоганот на коалицијата значи дека мандатот кој го бараат е за продолжување на политиките кои значат подобра иднина на државата, почнати во 2017 година.

Знаете, бомбите кои се пуштаат деновиве нам не можат да ни наштетат бидејќи со бомби може да се урне само режим. Со бомбите кои ги слушавме пред неколку години излезе на виделина она што граѓаните го насетуваа – дека владата на Груевски шири страв, раздор и молк меѓу граѓаните за во позадина слободно да ги развива криминалите на штета на својот народ и држава а само во своја полза. Денеска кога секој денар што го троши секое министерство може да се види каде е потрошен, кога се работи транспарентно и секоја набавка е на виделина пред очите на јавноста, кога не се крие ништо а критиката се поттикнува за да ја подобри работата на министрите… нема незаконско однесување што би го откриле бомбите. Тоа е само шум, обид да се наштети кој нема да успее. Граѓаните знаат дека само две и пол години по режимот, живеат во слободна демократска држава во која никој не им ги попречува правата, вели Шекеринска во интервјуто.

Ние на граѓаните го нудиме тоа што го бараат и очекуваат: кои се нашите планови за следните четири години, кои се нашите приоритети и рокови. И тоа е нашиот фокус.

Вицепремиерката во интервјуто вели дека досегашниот мандат од 2,5 години бил период за решавање на најтешките прашања.

Ние ветивме ЕУ и НАТО – и тоа го одработивме за само 2,5 години. Тие на сите ни изгубија 11 години – и нам и на нашите деца. Не можеш, како што правеше ВМРО ДПМНЕ, на избори да велиш – ќе ја внесеме државата во ЕУ и НАТО, ќе ги покачиме платите, ќе се погрижиме за сиромашните и за социјалните случаи, граѓаните ќе имаат повеќе пари – а потоа не само да не го оствариш тоа, туку да ја скараш и изолираш земјата со сите, да ја блокираш цели 11 години, да не се ни обидеш да најдеш решение што ќе ја отвори евроатлантската перспектива, силно да се противиш на повисоки плати и како власт и како опозиција, да ги погазиш сите права на своите граѓани, да ја згазиш слободата на медиумите, иднината на сопствената земја – а од друга страна да градиш бела палата и да ги полниш своите и сметките на најблиските извршители со парите на граѓаните низ тајни криминални зделки.Тоа граѓаните го паметат и нема да дозволат да се повтори, вели Шекеринска во интервјуто за Прес24.

Според нејзе европската перспектива на државата по 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е отворена и сега претстои период на нејзино исполнување и во процесот на членство во Европската Унија.

Преговарачката рамка е промоција на македонскиот јазик како иден службен јазик на Европската Унија. Ние водиме политики на партнерства и пријателстваа македонскиот јазик е признаен и прифатен од целиот свет, впишан во картата на ОН. Договорот со Бугарија која е наш сосед и пријател, е потпишан на македонски јазик. Пропаднаа сите надежи на опозицијата дека ќе можат да го сокријат ова – дека успеавме да се потврдиме во светот со јасен и цврст идентитет – како македонски народ, кој зборува македонски јазик. Ние преку дијалог и пријателство дојдовме до тука, така и ќе продолжиме, вели Радмила Шекеринска, носител на листат од Коалцијата „Можеме“ во интервју за Прес24.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Поднесени две кривични за забавите на Градиште!

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и...

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата...

Собраниските служби,пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала со купола каде што ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни. Гласовите на оваа седница ќе се бројат рачно, а веројатно и на тие потоа, имајќи предвид дека во неа нема инсталирано систем за гласање.

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Денеска претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери, кој беше хоспитализиран...