На промоцијата на алпинистичката опрема присуствуваше и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски кој заедно со министерката ја проследи демонстрацијата на користење на опремата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 мај, 2021 20:21

Шекеринска: По 25 години армиските специјалци добија нова комплетна алпинистичка опрема

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Промоцијата се одржа на полигонот за воена алпинистика во близина на Демир Капија, при што во рамки на презентацијата беше изведена и воена вежба за спасување на загрозени граѓани на планински карпест врв. На вежбата беше прикажана новата опрема, а беа вклучени и воени хеликоптери за воздушна евакуација и транспорт.

“Алпинистичката опрема заедно со новата спортска опрема која ја комплетиравме, како и гортекс оделата, се последното каменче во мозаикот кој ја отсликува модернизацијата на Армијата во делот на личната опрема на нашите војници. Со задоволство можам да кажам дека имаме Армија од глава до петици облечена во ново, со што значително се менува сликата за Армијата на Република Северна Македонија која во минатото беше запоставувана”, истакна министерката Шекеринска.

Таа подвлече дека секој еден припадник на Армијата го заслужува најдоброто и дека со набавената лична опрема и со борбената опрема чија набавка е во тек, денес веќе секој војник може гордо да застане под државното знаме на Македонија и под знамето на НАТО.

“Пред неколку дена се изврши смена на првата и втората наша ротација во НАТО мисијата КФОР во Косово.
Сакам од овде каде што стоиме во подножјето на овие високи врвови, да им честитам на нашите припадници за добиените медали за нивното учество во мисијата во Косово но и во Авганистан од каде ги очекуваме да се вратат. Но сакам и да порачам дека врвовите постојат за да се освојат и како што видовме пред малку како нашите војници успешно ја совладаа стрмната карпа, се потсетивме на најважната лекција дека ниту еден врв не е недостижен ако се вложи труд и ако се има мотив и средства и опрема.
Армијата на Република Северна Македонија успешно се искачува кон својот врв каде што и е и местото на Армија членка на НАТО”, рече Шекеринска.

На промоцијата на алпинистичката опрема присуствуваше и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски кој заедно со министерката ја проследи демонстрацијата на користење на опремата.

Набавката е извршена од буџетот на одбраната и е во износ од 15 милиони денари. Арсеналот алпинистичка опрема се состои од таканаречено витло за спасување, алпинистички јажиња за извлекување и за заштита при искачување, алпинистички појаси, алпинистички цокули и патики, шлемови, ламби за на шлемови, пластични и метални носилки за транспорт, бургии за бушење, канџи за вкопување во карпа и сл. Опремата е од современо европско производство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...