Шекеринска тврди дека снимката е од пред случајот Рекет да пукне во јавност. Инаку во Рекет јавноста виде како Боки 13 носи ташна Луј Витон полна со изрекетирани милиони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 10:19

Шекеринска призна: Бев во домот на Боки 13 и зборувавме за законот за Јавно обвинителство

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Да тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше зошто не може да се донесе законот за јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии – призна денеска Радмила Шекеринска, објави Економски Лидер.

Ова е нејзино прво признание за снимката од која се гледа како министерката седи во опуштена домашна атмосфера со сега веќе осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13, кои се осудени за рекетирање бизнисмени.

Шекеринска тврди дека снимката е од пред случајот Рекет да пукне во јавност. Инаку во Рекет јавноста виде како Боки 13 носи ташна Луј Витон полна со изрекетирани милиони.

Случајот доби своја судска разрешница, откако во јавноста стана преголем притисокот врз власта.

Пред нецел месец, на завршното рочиште од Рекет, кога беа и осудени Боки 13 и Катица Јанева, Боки 13 кажа дека ташната со рекетираните милиони завршила кај Зоран и Вице Заев.

Веднаш потоа во јавноста излезе снимка од која се гледа како во домот на сега веќе осудените седи Радмила Шекеринска, министер за одбрана и вицепремиер во владата.

Сепак, останува нејасно што зборувала Шекеринска со Боки 13 и Јанева, и дали се тие личностите со кои се водела државната политика?! Дополнително дали истата знаела за Рекет, додека истиот бил во тек?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.