Според Шекеринска, овие изјави на Каракачанов  не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 23:33

Шекеринска: Oд Бугарија очекуваме да помагаат, а не да одмагаат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По денешната изјава на  вице премиерот на соседна Бугарија Красимир Каракачанов дека неговата држава нема што да менува во својата политика и дека ќе се спротивстави на закажувањето на првата меѓувладина конференција, се огласи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која истакна дека од Бугарија очекува помош.

Таа посочи дека сега е вистински момент да се покаже колку навистина сакаме да градиме добрососедски односи и дека Македонија го помина својот тест.

Од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска како одговор на изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија не е против, но смета дека не е време за одржување на меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори наМакедонија во ЕУ.

Според Шекеринска, овие изјави на Каракачанов  не се во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Ако нешто научивме во овие 30 турбулентни балкански години е дека емоциите не се добар сојузник во решавањето на билатералните прашања. Ние покажаваме дека со сите наши соседи можеме да бидеме пријатели. Покажаваме и дека сме подготвени да инвестираме во таков сојузнички однос и ќе продолжиме да градиме и понатаму таква политика. Очекуваме нашите сојузници и нашите пријатели да му помогнат на регионот, а не да му одмагаат. Единствен начин да му помогнеме на овој регион е да му дадеме шанса да има подобра и европска иднина, рече Шекеринска на прес-конференција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хоти на средби со Ахмети и со Џафери: Македонските компромиси со Грција и со Бугарија да бидат референтна точка за дијалогот Белград – Приштина

Ахмети, Компромисите на Македонија требало да бидат бенчмарк, ајде мајката?

Косовскиот премиер упатил честитки за значајните промени, исклучителните реформи...

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси...

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе...