Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички.
Сите се наоѓаат во изолација и немаат посериозни симптоми.
Натпреварот меѓу Работнички и Металург во Групата Б од Суперлигата, кој требаше да се одигра утре, е одложен.
Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.
Претходно имаше информации дека позитивни на коронавирусот има во ракометните клубови Голден Арт КЛ7, Радовиш, Струга и Охрид, па поради тоа суперлигашката група „А“ е во мирување.
Ракометниот клуб Работнички бил формиран во 1948 година. Работнички заедно со екипата на РК Вардар претставуваат најстари ракометни клубови во Македонија. Се натпреварувал во Првата Југословенска лига, но подоцна западнал во тешки проблеми кои довеле до распад на клубот.
Во 2009 година клубот бил повторно активиран. Во август 2013 година, по повод 65 години постоење на клубот, за првпат во Скопје бил одржан ракомет на плажа во организација на РК Работнички и Град Скопје. Во 2014 година, за идната сезона, клубот напреднал во Супер Лигата. Во јули 2015, за новата сезона новиот претседател на клубот – Ристо Чокрев најавил поголеми засилувања при клубот би бил поголем конкурент во Супер Лигата. Набргу потоа пристигнале новите засилувања меѓу кои и неколку репрезентативци. Таа сезона 2015/16, Работнички стигнал до плејоф фазата и завршил на последното шесто место. Следната сезона, Работнички не освоил ниту еден натпревар во елитатата и отпаднал во Првата лига. Но Работнички во сезоната 2017/18 не пријавил екипа во вториот по ранг натпреваруња во Македонија. Во сезоната 2018/19, Работнички во Првата лига – Група 1 завршил на првото место и обезбедил пласман во Плејофот на Првата лига. Во Плејофот завршил како вицепрвак и добил право во баражот за унапредување кој го добил и бил унапреден повторно во Супер лигата.
(МИА)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.