Имено како што веќе е познато Миле Јовановски беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 ноември, 2019 12:04

Шест месеци затворска казна за таткото на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фто алсат.мк

Таткото на Боки 13, Миле Јовановски, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина, пишува Лидер.мк.

Имено како што веќе е познато Миле Јовановски беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

Обвинетиот Јовановски денеска не беше присутен во судница за да ја чуе пресудата.
Според обвинението, Јовановски на 7 јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

 
Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина. Тој беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

На Јовановски му се закануваше казна затвор од шест месеци до пет години, односно беше обвинет за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.

Инаку на 12 ти овој месец, таткото на Боки 13 , Миле Јовановски, во Суд призна дека е виновен и дека го натепал попот Виктор Стојчев на Божиќ, 2017 година.

– „Го признавам целосно делото”, рече Јовановски пред судот откако прво рече делумно дека го признава делото, пренесе Mакфакс.

Попот Виктор Стојчев рече дека ќе бара отштета од таткото на Боки 13 во граѓанска постапка и дека се приклучува кон кривичниот прогон.

Обвинителката Имран Османи го образложи обвинението и рече дека настанот се случил во ноември 2017 година во дворот на оштетениот. Кога попот стигнал со неговиот џип со бугарска регистрација, почнал да свири бидејќи било паркирано друго возило.

Потоа се појавил Боки 13 и го препаркирал возилото, но од соседната куќа се појавил татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира со десната рака со тупаници.

Откако попот излегол од возилото, таткото на Боки 13 продолжил да го удира со нозете оштетениот, по што попот паднал на земјата. Јовановски не застанал овде и продолжил да го удира. На попот му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Билјана Беличанец-Алексиќ во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Таа беше актерка во Драмскиот театар Скопје и мајка на две деца.

ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА БЕЛИЧАНЕЦ- Туфи никогаш нема да биде заборавена!

Пред една година на денешен ден Македонија ја потресе веста за смртта на една од најпознатите...

Џонсон бил сместен на интензивна нега поради „постојани симптоми на коронавирус“, јавува Даунинг стрит.

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА БОРИС ЏОНСОН: Британскиот премиер итно пренесен на интензивна нега!

Британскиот премиер Борис Џонсон е сместен на интензивна нега поради корона вирусот. Премиерот...

Бабата на претседателот Стево Пендаровски, мајката на неговата сопруга Елизабета, починала вчера, а посмртно беа земени брисеви за вирусот Ковид-19.

Излегоа резултатите од тестот за коронавирус на бабата на претседателот која почина вчера!

Денеска од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираа дека...