
Македонија
Вести
Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство.
Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград).
Исто така, од Италија се враќа еден пациент.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.
Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.