
Свет
Европа
Како што јави дописникот на МИА од Стразбург, Хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ вечерва е избрана за нов генерален секретар на Советот на Европа.
Веднаш по вечерашното објавување на резултатите, Пејчиновиќ-Буриќ изјави дека „посебно внимание ќе им посвети на прашањата на дискриминација на жените и децата“.

Шефицата на хрватската дипломатија Марија Пејчиновиќ, доби 159 гласа, а нејзиниот противкандидат, холандскиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс – 105.
Таа ќе биде втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.
Како што пишуваат хрватските медиуми, Буриќ добила многу голема поддршка од пратеникот во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ, кој по потекло е од Хрватска и кој имал само убави зборови за неа.
Пејчиновиќ е родена во 1963 година во Мостар. Економски факултет завршила на Универзитетот во Загреб во 1985 година.
Од јуни 2017 година ја извршува функцијата хрватска вицепремиерка и министерка за надворешни и европски работи. Зборува француски, англиски и шпански јазик.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.