Претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, утрово на социјалните мрежи напиша навреда за покојниот пејач Шабан Шаулиќ.
Воислав Шешељ, претседателот на Српската радикална партија, утринава на социјалните мрежи напиша уреди за настраданиот пејач Шабан Шаулиќ.
Имено, на својот Твитер профил напиша дека 1500 будали луѓе, веќе потпишале петиција, за една улица што се наоѓа во Шабац, да биде преименувана во Шабан Шаулиќ, односно да улицата да го носи името на трагично настраданиот пејач.
Тој во своето излагање на Твитер не само што го навреди неговото семејство и луѓето од Шабац, туку ги навреди сите обожаватели кои го почитуваа ликот и делото на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ.
Го нарече вашарски пејач, а луѓето кои барале преименување на улицата, напиша дека се будали.
„Политика денеска известува дека 1500 будали луѓе, потпишале петиција да улицата Авда Карабеговиќ преименува во улица Шабан Шаулиќ.
О Србијо, дали ќе се откажеш од спомените на јунаците, мачениците и врвните интелектуалци во корист на еден вашарски забавувач, па макар и имаше глас како славеј„
Шабан Шаулиќ настрада во неделата во тешка сообраќајна несреќа, кој се случи во Германија. Беше погребан вчера во родната земја Србија.
Воислав Шешељ е основач и претседател на крајно десничарската Српска радикална партија (СРП) од нејзиното формирање во 1991.
Шешељ своеволно се предал на Хашкиот трибунал во февруари 2003 за судење против обвинувањата за злосторства против човештвото и прекршување на правилата на војување за време на војната во Југославија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.