Шекеринска за снимките на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев кои денеска излегоа на јутјуб рече дека таа и слушала и гледала снимки и дека карактеристика било тоа што таа што ја гледаш не можеш да ја чуеш и обратно.

Објавил: Стојче Бушин | 22 јуни, 2020 21:21

ШЕЌЕРИНСКА: ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Радмила Шекеринска и Александар Николоски.

Шекеринска за снимките на екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев кои денеска излегоа на јутјуб рече дека таа и слушала и гледала снимки и дека карактеристика било тоа што таа што ја гледаш не можеш да ја чуеш и обратно.

Ова е доказ дека ВМРО ДПМНЕ е подготвен да прави трикови во кои они ќе си ставаат сегменти како ним им одговара. Можеби парите за кои вие денеска тврдите се пари кои Дончев ги добил кога соработуваа со Груевски кога се договараше приватизацијата на Македонска банка. Николовски и реплицираше на Шекеринска дека тоа било иронијата на историјата и како една иста работа изгледала во минатото и како денес. Политичката партија која слушаше какви плочки се договараат за некој стан, денеска релативизира како еден политичар зема огромна сума пари , а Обвинителството нема храброст да ги повика на информативен разговор. Секој ден гледаме и слушаме еклатантни примери за рекет..

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ на тема здравствената криза се виде на денот кога се договоривме за избори, тогаш паднаа во вода сите приказни дека секирацијата на ВМРО-ДПМНЕ е дека здравјето на граѓаните било загрозено, од тогаш досега не чувме ни 3 од здравје и нека им служи на чест.
 
Ова го истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз 3 години ништо не им понуди на граѓаните.
 
Граѓаните можат да простат грешка, ако долго паметат можат да заборават 11 изгубени години, но во ситуација кога мислат на здравјето, ВМРО-ДПМНЕ единствено да мисли само на политика и партиски интерес, како да се спаси од криминалот и да продолжи да го тера – тоа не го простуваат, порача Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Тој вели дека Македонија за заканите за воена сила од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов требало да врачи протестна нота или демарш.

Милошоски: Бугарија ги зајакнува своите позициии

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека ноември не е последниот...

Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН!

ЗАЕВ: Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат и Македонците – Бугарија не бара Македонија да го промени Уставот

„Македонскиот јазик е признат во целиот свет и слободно се користи насекаде. Нашиот...

Тој вели дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.

Заев за ТВ21: Не гледам потреба од лидерска средба за Бугарија, Мицкоски нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање

Претседателот на Владата Зоран Заев, на прашање за тоа дали се согласува со барањето...

Груби потенцираше дека според него нема никави предлози на маса, секако дека има дискусии на средбите и има размна на деа и размислувања за надминување на проблемите.

ГРУБИ ЗА ТВ 24: НЕ ТРЕБА ИСТОРИЈАТА ДА НИ БИДЕ ПРЕЧКА ЗА ИДНИНАТА

Вицепремиерот Артан Груби во 24 анализа се осврна и на односите со Бугарија. Тој истакна...