Тезата дека нема алтернатива не држи вода

Објавил: Македонка Димкин | 5 јуни, 2023 14:14

Шеќеринска од прославата на ДУИ: Треба да ги разбереме оние кои се против уставните измени

Фото/Текст извор: ©Магазин

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска смета дека треба да се разберат оние граѓани кои се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

„Тезата дека нема алтернатива по мене не функционира. Многумина кои ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани кои велат не. Во главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето кои се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека после тоа ќе има нови барања“ вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме тогаш и ние сме соучесници“ предупреди таа.

Според Шеќеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ.

После толку години одбира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта.

Кога големи држави прават стратешки грешки тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат летоска не очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. По мене фер е да ги поставиме отоврнео прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да“ рече Шеќеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Симецка денеска изјави дека се уште гледа можност за формирање на владејачка коалиција и додаде дека третопласираната партија ХЛАС ќе биде одлучувачки фактор за формирање на новата словачка Влада, пренесуваат британските медиуми.

Фицо ќе ја прекине воената помош: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Роберт Фицо, чија партија СМЕР-ССД победи на парламентарните избори во Словачка, денеска...

Според Камбовски, за донесување на новиот закон за аменстија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува. Вели потребни се аргументи дека пренатрупаноста е главен мотив за ослободување затвореници.

Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик- се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“

Работната група која го подготвува новиот Кривичен законик нема да дозволи неказнивост...

Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот

По изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство на СДСМ, најавува Мицкоски

По поразот на изборите ќе има многу години одговорност и за старото и за новото раководство...