Ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана.

Објавил: Стојче Бушин | 22 мај, 2020 10:03

Шеќеринска ја затвора најелитната единица на АРМ – ВОЛЦИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На припадниците на единицата „Волци“ им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ, стои во фејсбук објавата на поранешениот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Проф. д-р Александар Нацев!

Се чини дека после малото затишје кое беше последица на предизборни калкулации, по директна насока од министерката продолжува растурањето на најелитната единица на #АРМ, Баталјонот за специјални намени #Волци.

За да биде притисокот врз специјалците поголем и да се наруши кохезивноста на единицата, наредено им е тие сами меѓу себе да се договорат и да достават список кои би биле тие 30 лица, со временски рок до крајот на месецов.

Ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана.

За мене е несфатливо како може најобучените и најелитните војници да се уценуваат и омаловажуваат, а токму тие се оние кои први застануваат на бојното поле за да ја бранат татковината, вели Нацев!

Баталјонот за специјални намени, скратено бСН е специјална единица при Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија. Таа е формирана во 1994 година и со тоа е првата воена единица од ваков вид во Македонија. Маскота на единицата е волкотпоради што истата често се именува и како бСН „Волци“. Единицата е сместена во касарната „Илинден“ во Скопје. Се смета за најелитна во државата.

Единицата е формирана на 1 март 1994 година под името Единица за специјални намени, 6-ти одред и како таква е првата воена единица наменета за планирање, организирање и изведување на специјални операции во Макрдонија.
Нејзин прв командант е тогашниот потполковник Мирослав Стојановски, потоа Началник на Генералштабот на АРМ во периодот од 2005 до 2011 година.

На 18 август 2005 година на прославата по повод одбележувањето на Денот на АРМ, тогашниот Претседател на Македонија, Бранко Црвенковски го одликувал Баталјонот за специјални намени со Орден за воени заслуги, високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план. Toa е првото доделување воопшто на овој орден!

На почетокот на 2000-тите години единицата претрпува неколку структурни промени со тоа што станува дел од новата Единица за борба против тероризам, таканаречена „Соколи“ која првично за време на воениот конфликт во 2001 година требала да претставува здружено воено-полициско тело за борба против тероризам, но потоа се планирало да остане само дел од армијата. Кога е формирана Командата за специјални единици, Волците стануваат нејзин одред. Последната структурна измена на единицата се случува во 2003 година кога таа станува Баталјон за специјални намени, дел од Полкот за специјални операции заедно со Ренџерскиот баталјон, формиран наредната година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...