
Македонија
Вести
Кичевската полиција го лишила од слобода 50-годишниот М.Ц. од село Мешеишта кој во вторникот кон полноќ возел под дејство на алкохол на патот Кичево-Охрид. Против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило, соопшти полицијата.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и е задржан во полициска станица“, се вели во полицискиот билтен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.