Скопје е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид дуализмот во локалната самоуправа, затоа одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт, додека не се реши системски што со комуналната полиција.

Објавил: Перо Милчин | 25 октомври, 2020 10:54

ШИЛЕГОВ: БИ ГИ УКИНАЛ ЦЕНТРАЛНИТЕ ИНСПЕКЦИИ, ДА НЕ ПОСТОИ ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се осврна на неколку проблеми со кои се соочуваат општинските инспекторати, како и на потребата од итно менување на постојната регулатива.

Преговорите со Европската Унија, додаде тој, не ни ги носат вредностите на Европската Унија, туку нашето менување во категоријата одговорност во работата што ја работиме ќе не однесе во квалитетно функционирање на институциите, како што впрочем сите посакуваме.

Добар дел од времето во мојот мандат го имам посветено да помогнеме системот да стане функционален. Она со што мора да се согласиме и да се соочиме е дека ние имаме нефунционален систем.

И, поради тоа состојбата ни е ваква. Јас би ги укинал централните инспекции, целосно да не постојат, да не постои државен инспекторат. Може да постои државен орган којшто ќе врши контрола на инспекторирањето на општинските инспекции, дури ни пазарната инспекција не смее да биде централна.

Различни ни се приоритетите како органи. Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна. Да не бидам лошо разбран, не велам дека е лоша соработката.

Но, мојата правна позиција е дека треба да се молам со пазарната инспекција. Понатаму, во Железара има улица која ги дели општините Гази Баба и Бутел. Инспектор за животна средина од Бутел фаќа на лице место сторител како исфрла шут, човекот се легитимира, но шутот го исфрла десно, во Гази Баба. И инспекторот не му може ништо.

Скопје е многу поспецифично од другите единици на локална самоуправа имајќи го предвид дуализмот во локалната самоуправа, затоа одлучивме дека е паметно ова што го имаме како концепт, додека не се реши системски што со комуналната полиција.

Еве да го отвориме предизвикот – да ги укинеме државните инспекции, имаме најкатастрофален Државен инспекторат за животна средина, со многу субјективни слабости, јас така ги дефинирам некои појави за кои сме сите свесни дека постојат.

Па, Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет.

Знаете дека стои? По прес-конференцијата тогаш, пред пандемијата, се крена малку фама, почнаа некои дописи, дојдоа некои истражители, фати пандемијата и се е под радар. Затоа системот за кој ние воочуваме дека е нефункционален треба да се исправи, со законски измени – рече Шилегов!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...