Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2019 20:45

Шилегов ги закрпи сите “дупки” на улиците во Скопје поради Папата Франциск – на 7 мај Скопје блокирано !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Речиси сите улици во Скопје на 7 мај ќе бидат блокирани, поради доаѓањето на Папата Франциск.

Десет дена пред посетата на папата Франциск, претпријатието Улици и патишта интензивно работи на санирање на дупките и тротоарите во Скопје. 

„На седми мај на посета доаѓа Папа Франциск. На улица Македонија како што може да се види се санираат дупки, вели репортерката на ТВ21, Арбана Ќ. Климента.

Франциск  е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година. Во редот на исусовците се приклучил во 1969 година. Франциск е 266. папа на Римокатоличката црква.

Посебни правила за движење на пешаците ќе има во централното градско подрачје на Скопје.

На подрачје Мал ринг сите граѓани од Скопје, во периодот од 6 часот наутро се до 19 часот на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ, лична карта и да поминат низ сите безбедносни проверки кои ќе ги залага полицијата.

„Папа Франциск литургијата ќе ја одржи на плоштад Македонија. Ќе има посебен режим за минувачите и за граѓаните кои работат и живеат во овој дел“.

Внатре во зоната ќе имаат целосен слободен пристап до сите сакани локации, освен во затворената зона на плоштадот во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.