Благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта која што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 јуни, 2019 18:11

Шилегов ги пречека ракометарите со кафе и баклава, а тие му поклонија топка со потписи од играчите!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нашите златни шампиони на чело со сопственикот на клубот Вардар, Сергеј Самсоненко денеска се упатија на гости кај градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги пречека ракометарите со кафе и баклава и си ветија дека ќе се видат до година на прослава за нова Европска титула.

Тој на социјалните мрежи напиша дека Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар, затоа што нема подобра промоција за нашиот град.

Освен баклавата и кафето, Шилегов им го предаде чекот од шест милиони денари или 100.000 евра како награда за освоената европска титула.

Ви го пренесуваме неговиот статус на социјалните мрежи:

Денеска со Претседателката на советот Љубица Јанчева, ги пречекав ракометарите на РК Вардар за да го врачиме чекот од 6 000 000 денари, на Претседателот на клубот и играчите.
Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град.
Благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта која што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек.
Во неформалниот разговор со кафе и баклава, си ветивме дека ќе се видиме до година на прослава за нова титула.

-Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град.

Нашите златни ракометари во знак на благодарност и почитување, на Шилегов му врачија ракометарска топка со потписи од целата екипа на Вардар. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Денеска се празнува Свети Климент Охридски Чудотворец

Денеска на осми декември се одбележува како Ден на св.Климент Охридски Чудотворец,...

Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.

ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ, РАДОСТИ СЕ НИЖАТ: ДАЛИ ПОСТОИ ДЕДО МРАЗ?

Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки...