Македонија
Вести
Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат вклучени невладините организации, сепак, во одлуките кои утре треба да се најдат на гласање во Град Скопје, за членови на Управниот и Надзорниот одбор се предложени партиски активисти и членови на здружение кое е формирано пред само два месеца, реагира Здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
Тие потсетуваат дека постоат 10 години и континуирано вложуваат напори за надминување на проблемот со бездомните животни, но не биле ниту контактирани, ниту консултирани ниту, пак биле поканети да предложат соодветни лица за управните и надзорните структури во новоформираното јавно претпријатие.

„Како што е наведено во одлуките кои треба да се разгледуваат утре, од активистите од невладиниот сектор со искуство од сферата, Градот предлага членови од организација формирана на 21 март 2019 година, на кои пројавениот ентузијазам за оформување позитивни општествени промени временски им коинцидира со периодот на формирање на ЈП Лајка. Градоначалнику Шилегов, немаме ништо против никого, не нè изненадува што во управните и надзорните одбори си предлагате и ставате ваши подобни и/или партиски луѓе, но не го ставајте активизмот во уста напразно и лажно! Приказната дека Вардариште е на активистите е манипулација и лага. Ова се некои ваши активисти кои сега првпат стапнуваат во Вардариште, велат од „Анима мунди“.
На листата нема ниту еден член на некое од постоечките долгогодишни здруженија за заштита на животните.
Советот на Град Скопје во февруари годинава ја донесе одлуката за формирање јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни „Лајка“.
Во продолжение реакцијата на Анима Мунди:
„ГРАДОНАЧАЛНИКУ ШИЛЕГОВ, ВИ СЕ ОБРАЌАМЕ ЈАВНО – немаме ништо против никого, не не изненадува што во управните и надзорните одбори си предлагате и ставате ваши подобни и/или партиски луѓе, но не го ставајте активизмот во уста напразно и лажно! Приказната дека Вардариште е на активистите е манипулација и лага. Ова се некои ваши активисти кои сега прв пат стапнуваат во Вардариште.
Лажни се сите „добронамерни” мотиви на Градот Скопје, со оглед на тоа што утре заседава Советот за именување претседател и членови на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Лајка- Скопје, а здружението Анима Мунди кое постои 10 години и дејствува во континуитет, мобилизира активисти, кое спасува, стерилизира, вдомува и лекува улични животни, кое има публикувана повеќегодишна Стратегија за надминување на проблемот со бездомните кучиња со која ќе се гарантира јавната безбедност и здравствена заштита на населението НЕ Е НИТУ КОНТАКТИРАНО, НИТУ КОНСУЛТИРАНО НИТУ ПАК ПОКАНЕТО ДА ПРЕДЛОЖИ СООДВЕТНИ ЛИЦА ЗА УПРАВНИТЕ И НАДЗОРНИТЕ СТРУКТУРИ.
Како што е наведено во одлуките кои треба да се разгледуваат утре, од активистите од невладиниот сектор со искуство од сферата, градот предлага ЧЛЕНОВИ ОД НОВОФОРМИРАНА организација Biker Paws (21 март 2019 година), активисти кои не ги познаваме, НА КОИ ПРОЈАВЕНИОТ ЕНТУЗИЈАЗАМ ЗА ОФОРМУВАЊЕ И ПОЗИТИВНИ ОПШТЕСТВЕНИ ПРОМЕНИ ВРЕМЕНСКИ ИМ КОИНЦИДИРА СО ПЕРИОДОТ НА ОФОРМУВАЊЕ НА ЈП ЛАЈКА.
Со исклучок на Теона Георгиевска која е активист кој подолг период спасува кучиња од Вардариште, спорен е предлогот на секој од наведените лица.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.