Град Скопје и Шилегов не само што знаеле за изградба на објектот кај "Мајчин дом", туку и дозволиле инвеститорот на 12 рати да ги плати комуналиите од кои 60 отсто ќари градот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 13:36

Шилегов дозволил плаќање на комуналии за деветкатницата кај “Мајчин дом” на рати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов му дозволил на инвеститорот на деветкатницата кај “Мајчин дом” комуналиите да ги плати на 12 рати.

Инвеститорот, Друштвото за градежништво, проектирање, инженеринг, трговија и услуги “ЗСФ ком”, на Градот треба да му плати 64.527.333 денари или приближно 1.049 милион евра како надомест за уредување градежно земјиште.

Градските власти пресметале дека инвеститорот на Општина Аеродром, на чија територија е деветкатницата што аеродромци не дозволуваат да се гради, треба да и плати 23.464.327 денари. Без да го плати надоместокот, инвеститорот не може да добие одобрение за градење. Одобрението му е веќе издадено, а инвеститорот договорил со Град Скопје отплатата на комуналиите да биде на рати.

Ние како институција, само ја изготвуваме пресметката за надомест за уредување градежно земјиште, популарно наречено комуналии. Во однос на конкретниот проект, на Град Скопје му припаѓаат 60 проценти од вкупниот надомест за уредување градежно земјиште, а на Општина Аеродром и следуваат 40 проценти. На Град Скопје во конкретниот пример му следуваат 64.527.333 денари. Плаќањето е на рати, и тоа првата рата 29.358.200 денари, и втората околу 4.106.285 денари, а остатокот ќе се доплати на 10 рати. – велат од одделението за односи со јавност на скопскиот градоначалник.

Градилиштето за деветкатницата беше оградено во понеделникот. Од Општина Аеродром, од каде што е издадено одобрението за градење на деветкатницата, велат дека инвеститорот го уплатил целиот износ за комуналиите.

Комуналиите уплатени од посочениот инвеститор за објектот пред “Мајчин дом” се во износ од 23.464.327 денари. – кусо одговараат од Аеродром на прашањата за комуналиите за деветкатницата.

“ЗСФ-ком” има одобрение да изгради објект висок 30 метри, со приземје, осум ката и потпокрив и со бруто површина од 20.000 квадратни метри на парцела со површина од 3.538 квадратни метри. Архитектите велат дека на одобрената површина може да се сместат околу 250 стана.

Инвеститорот не го покажа проектот, слика од новиот објект нема на информативната табла на градилиштето.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од ВМРО - ДПМНЕ посочија дека и по 125 години од формирањето на Македонската револуционерна организација, борбата трае, овој пат за спас на името и Македонски идентитет

И по 125 години трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација

ВМРО – ДПМНЕ, како идеолошки наследник на Македонската револуционерна борба, денес...

Ванковска важи за гласен критичар на сите владини политики без разлика на партиската припадност, но очигледно актуелната се обиде да ја замочи, барем на социјалните мрежи

Блокиран ФБ профилот на проф. Ванковска

Професорката Билјана Ванковска, гласен критичар на политиките на сите влади, се соочи...

Тодоров смета дека со ВМРО - ДПМНЕ владее структура на УДБА, иста онаа која го постави за министер, Јанчев пак смета дека требало да го пофалат а не да го споредат со Мијалков

Тодоров го исклучила УДБА, Јанчев е само навреден, очекувал пофалби

По синоќешните одлуки на ЦК на ВМРО – ДПМНЕ за исклучување на партиски функционери...

СЈО и Кривичен, негираат дека Мијалков доставил барање за враќање на македонската патна исправа, но не коментираат за поседувањето важечка од Република Чешка

СЈО и Кривичен со изјави дека не е вратен пасошот на Мијалков, чешкиот не е ни одземен?

По информацијата од партиски извори дека вчера пред ЦК на ВМРО – ДПМНЕ на барање...