Во изминативе скоро 22 месеци, како сум градоначалник на Скопје, се трудам, скоро секогаш, во градските активности да не мешам политика.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 септември, 2019 17:23

ШИЛЕГОВ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Колку кошта едно копито од спомениците во Скопје?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Противпожарната бригада е наградена со највисокото градско признание: 13 Нормвриска награда. Затоа, немојте прес конференции со крокодилски солзи драги мои опозиционери, напиша Фејсбук статус градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

За “крокодилските солзи” на опзицијата:

Во изминативе скоро 22 месеци, како сум градоначалник на Скопје, се трудам, скоро секогаш, во градските активности да не мешам политика. Затоа што Скопје е град на сите. И на власт и на опозиција, на определени, на неопределени … на сите, пишува Шилегов.

Сепак, инспириран од денешната прес конференција за “состојбата” во Противпожарната бригада на нашиот град:

1. Сметам дека е навистина ниско во политиката да се мешаат луѓето кои што секојдневно ги ризикуваат своите животи, за да ги спасат или обезбедат нашите. И животи и имоти.

2. Во минатото, третманот на скопските пожарникари бил таков, што тие луѓе го имаа загубено своето професионално достоинство.
3. Опрема (80 комплети) за гасење пожар, последен пат се набавени во 2009 година. Работна униформа (онаа обичната, сина, која не се користи за гасење пожар е купена во 2014). Чизми за гасење пожар, последен пат се набавени пред 16 години … Возила (без оние 2 кои се донација од државата во 2007) се (е) купено во 2005 година. Патем кажано, немаше договор за нивно одржување …
Во последниве 22 месеци:
1. Набавени се 25 дишни апарати ДРЕГЕР за да може да се влезе во оган кога е потребно (а стално е потребно)
2. Набавени се 260 пара чизми за гасење пожар за Пожарникарите
3. Набавени се 260 комплет униформи за Пожарникарите
4. Набавена е следнава ПП опрема:
350 црева 52’ , 8 турбомакмлазници Розенбауер и друга неопходна опрема за нормално функционирање на бригадата
5. После долги години за пожарникарите е обезбедено осигурување од повреда при работа кое е со важност 24/7
6. После 35 години, аналогната телефонска централа е заменета со нова дигитална телефонска централа
7. Направен договор за 2 годишно одржување на ПП возилата и пумпите
8. До крајот на 2019 (распишани се скоро сите постапки) ќе се реализира уште:
Набавка на 3 нови ПП-Возила
Набавка на 1 нова ПП- Скала
Набавка на опрема за спасување од височини (јажиња,куки и др)
Набавка на ПП-АРМАТУРИ потребна опрема за Бригадата
Набавка на 100 Заштитни Одела за Шумски пожари и тоа комплети со шлем, чизми, ракавици, униформа …
За прв пат е реконструирана платформата во Автокоманда после 40 год
Сменети се прозорците (ставени ПВЦ) на 60% од објектот во Автокоманда (главното седиште на Бригадата)
Монтирана е нова модерна електрична капија на објектот во Автокоманда
Реновиран е објектот (канцеларии и тоалети).
9. Вработивме нови 20 пожарникари и 50 во идниот период

И да. Минатата година, Противпожарната бригада е наградена со највисокото градско признание: 13 Ноемвриска награда.

Затоа, немојте прес конференции со крокодилски солзи драги мои опозиционери.
И да !!! Колку кошта едно копито од спомениците ?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари.

СОВЕТНИКОТ НА ЗАЕВ ЗАБРЧАНЕЦ СЕ ПОФАЛИ НА ФБ: -Парите кај граѓаните – исполнето!

Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови...