Оваа година градиме и реконструираме нови велосипедски патеки во должина од 16 километри.

Објавил: Сара Фемина | 18 септември, 2019 14:10

ШИЛЕГОВ: “За две години Скопје ќе биде велоград„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За две години од сега Скопје ќе биде велоград со развиена велосипедска мрежа што ќе ги поврзува сите населби во главниот град.

Ова го изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на трибината „Градот Скопје за подобра мобилност”, во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

– Оваа година градиме и реконструираме нови велосипедски патеки во должина од 16 километри. Изградивме и реконструиравме велосипедски патеки и велосипедски ленти на улиците „Московска”, „4 Јули”, „Даме Груев”, булевар „Србија”…, рече Шилегов. 

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ ПЛАН ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИОТ СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ 2019-2021 🚲

– Во текот на минатата година изградивме и реконструиравме рекордни 14,6 километри велосипедски патеки во вредност од 56,5 милиони денари. Изминатата 2018 година се посветивме на градењето на таканаречените конектори кои ги поврзуваат главните велосипедски рути во Скопје, а го споивме со велосипедски патеки и Големиот ринг. Сите патеки се изведени во согласност со стандардите кои предвидуваат слеани рабници, заобиколувања на автобуските станици, соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и заштита со столпчиња. Оваа година градиме и реконструираме велосипедски патеки во должина од над 16 километри.

Изградивме и реконструиравме велосипедски патеки и велосипедски ленти на улиците Московска, 4.Јули и Даме Груев, како и на булеварите Србија и Киро Глигоров. По реконструкцијата што е во тек, ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки и на улицата Благоја Стефковски. На булеварот АСНОМ кој го прошируваме во првата фаза, а потоа со мост преку Вардар ќе ги поврзува Аеродром, Центар и Гази Баба, исто така, е предвидено да има велосипедски и пешачки патеки од двете страни на коловозот. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош, кој е во изградба, исто ќе добие велосипедски и пешачки патеки. Поврзувањето на северната и јужната страна на градот со велосипедски патеки е можеби најголемиот предизвик што го имаме, а кој очекувам да го надминеме. Со гордост можам да најавам дека за две години од сега Скопје ќе биде велоград со развиена велосипедска мрежа што ќе ги поврзува сите населби во градот – рече градоначалникот Шилегов, на трибината што се одржа во просториите на Град Скопје, се вели во соопштението на град Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ И СУВИ КОЛОВОЗИ НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Ве известуваме дека на...