На 26 септември, градоначалникотПетре Шилегов најави дека ќе се продава на Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 15:48

Шилегов за 12,7 милиони евра му ја продаде на ЕВН, Градската куќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото точка.мк

Градската куќа на кејот на реката Вардар на вчерашната аукција беше продадена за 12,7 милиони евра. ЕВН ја купи Градската куќа на аукцијата на која само оваа компанија се пријавила како понудувач.

„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов, пренесе СакамДаКажам.

За изградба на објектот Град Скопје склучи договор од 15 милиони евра со „Бетон“, потоа склучи и дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада. фото СДК

На 26 септември, градоначалникотПетре Шилегов најави дека ќе се продава на Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски.

Како што се дознава, изградбата на објектот на левата страна на Вардар и под Кале чинела 20,5 милиони евра.

Објаснувањето на Шилегов беше дека во неа немало место за сите вработени туку само за 350, ни и дека градската администрација требало да биде во центарот на Градот, објави СДК.

Градската куќа покрај Вардар почна да се гради во 2011, а при поставувањето на камен-темелникот ексградоначалникот Коце Трајановски најави дека ќе биде готова кон средината на 2015. За изградба на објектот Град Скопје склучи договор од 15 милиони евра со „Бетон“, потоа склучи и дополнителен договор од 3 милиони евра за изградба на енергетски ефикасна фасада. Идејно решение е на Иван Кокалановски и Борче Стојковски.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во обвинителството се наоѓа и СМС порака помеѓу Заев и лице кое од него бара пари додека Заев му посочува да оди во седиштето на СДСМ каде и од кого ќе ги добие парите. Парите ќе му бидат исплатени во општинската зграда во Струмица од извесни Љупка и Кате.

„ЛА ВЕРИТА“ 2 ДЕЛ: ВИЦЕ ЗАЕВ НАРЕДУВАЛ „ДОЈДИ ВО ШТАБ ЌЕ ТИ ДАДАМ ПАРИ ДА ГЛАСАШ НА ИЗБОРИТЕ“ – Илјадници евра фрлени за поткуп на гласачи во Струмица

Од она што го видовме на „Ла Верита“ во изборните манипулации не бил вклучен само...