
Македонија
Анализа
Улиците се покриени со снежна покривка и покрај тоа што екипите на Центарот за управување со кризи цела ноќ работеа.
Вработените немаше да бидат толку активни ако скопскиот градоначалник не им стоеше цела ноќ над глава и не ги следеше сите скопски сообраќајници.
Петре Шилегов заедно со екипите на Зимската служба на Град Скопје, на мониторите внимателно ја следеше состојбата на терен.
Од ЦУКС соопштуваат дека главните улици се речиси чисти.

Коловозите се многу влажни па затоа препорачливо е возачите да бидат внимателни и со намалена брзина за градска средина да го управуваат возилото.
Студениот бран со врнежи од снег што ја зафати Македонија го отежна сообраќајот, но засега без големи застои и посериозни проблеми. На Меѓународниот аеродром Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања, а со вообичаено доцнење за зимски услови се одвиваат железничкиот и патниот сообраќај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.