
Македонија
Вести
По страотниот земјотрес кој утринава ги разбуди жителите во Албанија, а се почувствува на речиси целиот Балкан, се нуди помош за жителите од Драч, каде има најголема штета.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше дека ќе биде испратени екипа во Албанија за помош на граѓаните.
„Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Правиме се’ што е можно за помош во овие трагични моменти“, истакна Шилегов.
Од Министерството за надворешни работи на Македонија информираа дека засега нема информации за повредени или загинати државјани на земјава во Албанија.

И премиерот Заев изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Албанија и понуди помош и поддршка.
-Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците, вели Заев.
Тој во објава на својот Фејсбук профил вели дека од утрово се во комуникација со институциите на Албанија и оти земјава е подготвена да ја пружи сета неопходна помош и поддршка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.