По вчерашната изјава на градоначалникот Шилегов се крена цела Македонска јавност на нозе. Тој за време на Нова година, базар, Скопје,прес конференција каде ги соопшти финалните подготовки за новогодишниот базар за 2020 година тој се обрати до МПЦ со апел да се сменел датумот за Божиќ.
Оваа изјава најде на голем потсмев од целиот македонски народ, а натписите на Твитер се урнебесни.
Проследете ги во продлжение…
– Заев пред да ги одвикне младите од алкохолизмот, треба да си ги одвикне градоначалниците
– Петре побарал МПЦ да го смени календарот да славел Божик порано. Што е следно ќе побара фиксен датум за Велигден? Дај бе кријте му ја ракијата.
– А бе оди замиј ги улиците барабо една, ти ќе кажуеш кога ќе го славиме Божик!!!#МРШ #БОЛДРИК За дочекот на 2020 концерт на плоштадот ќе одржи балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин , за кого градот најави дека ќе биде платен од спонзори.
Инаку градоначалникот Шилегов е познат по своите ветувања на мега проекти, како Зип-лајн од Кале преку Вардар, сообраќаен тунел под Кале, сообраќаен мост преку Вардар кај Карпош-4 и Злокуќани, засадување по пет дрва за секој изграден стан итн., но, досега не исполни ниедно од овие големи предизборни ветувања.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.