Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева!

Објавил: Стојче Бушин | 26 јули, 2020 20:38

ШИЛЕГОВ И ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОTРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска (26.07.2020 година, недела), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

На градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.

Исто така, цвеќе положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Бојан Ивановиќ, Ерџан Селими и Агон Саити.

Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 57 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Денеска, во повеќе градови во државата, како и во цела Европа,започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година поради пандемијата предизвикана од KОВИД-19 се организира во посебни услови.

ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

ПОД МОТОТО „МОБИЛНОСТ ЗА СИТЕ БЕЗ ЕМИСИИ“ ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА...

Глечерот се наоѓа на крајот од североисточниот леден поток на Гренланд, каде влегува во океанот. Годишното топење на најголемиот арктички леден појас на североисток на Гренланд се мери со оптички сателити.

АРКТИКОТ ОСТАНА БЕЗ МРАЗ: Се распадна огромен глечер во Гренланд, еве каква опасност ќе донесе(ВИДЕО)

Голем дел од ледената плоча на Гренланд, проценета на околу 110 квадратни километри,...

Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.

МИЦКОСКИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце...

Официјалните записи наведуваат дека смртта се случила на 7 јануари 1943 година во 22:30 часот. Тој имаше 87 години и имаше стотици пронајдоци што му донесоа слава, но не и богатство. Тесла никогаш не бил заинтересиран за пари.

Најголемиот генијалец почина сам и во долгови, но неговата последна желба се оствари: Погребот на Тесла го скрши срцето(ОРИГИНАЛНО ВИДЕО)

Најголемиот српски научник и еден од најважните умови што некогаш живееле, Никола...