Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите, а потоа одржа прес-конференција во дворот на Станицата на Противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2020 16:40

Шилегов и пожарникарите не се договорија, ќе протестираат секој ден

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СЕ СРЕТНА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ!

Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите, а потоа одржа прес-конференција во дворот на Станицата на Противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

– Денеска, како што видовте, со дел од Противпожарната бригада имавме состанок. Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство, коишто треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ.

Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијација, со цел некаде во јуни месец 2021 година, кога ќе стапи на сила Законот, едноставно до тогаш да не бидат пожарникарите оштетени – изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.

На средбата со пожарникарите градоначалникот Шилегов нагласи дека Градот не е институција што носи закони, но ги има мапирано и лоцирано проблемите и во рамките на Министерство за одбрана, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, како и ЗЕЛС, работната група го работи текстот и законот што треба да стапи на сила 2021 година.

Исто така, тој појасни дека не станува збор за недостаток на волја, туку станува збор за недостаток на законски основ за да може да се исплаќа платата така како што бараат пожарникарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Договорите се склучени со лицето Никола Спасов, кој e син наЃорѓи Спасов, поранешен министер за правда, пратеник и генерален-секретар на СДСМ во времето на најцрнитетранзициски денови. Инаку, Ѓорѓи Спасов е основач на АгенцијаРејтинг.

Зделките на Богоев со агенцијата на Спасов немаат крај

Со нарачани лајкови во штабовите, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев,...

Од извршената контрола е утврдено дека во објектот се врши дејност после 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со ковид-19.

Претреси во Охрид, затворен угостителски објект, сопственикот заработи две кривични пријави

На 16.01.2021 во 01.30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за...

Вицепремиерот Битиќи, во своето излагање посочи дека причината и приоритетот поради кои се основани јавните претпријатија е обезбедување на услуги за граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација...

Најголема снежна покривка има во Битола и тоа околу 30 сантиметри. Најниска температура во текот на денешното изминато утро исто така е регистрирана во Битола, и тоа -13°C.

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАДНАА ДО -13°C – СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО ОКОЛУ -20°C

Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот...