Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 декември, 2019 15:20

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото република

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот Петре Шилегов го започна својот говор велејќи дека за две години полека полека, тој заедно со СДСМ успеаа да го претворат Скопје во успешна приказна.

„На многу пат сме од пред две години. Успеавме полека, полека, чекор по чекор, Скопје да го претвориме во успешна приказна. Најдоброто допрва следува. Покажавме дека не беше залудна бробата за промени“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов истакна дека со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси.  

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

За две години презедовме 28 мерки кои видливо го намалуваат аерозагадувањето. Инспекциите се засилени за загадувачите“, рече тој и додаде дека 13 од 23 средни училишта имаат енергетски фасади, Градот дал субвенции за оџачари, за набавка на инвертери, велосипеди, го обвновиле зеленилото во Градот, а градските улици и булевари се граделе побрзо и подобро од порано. Ми викаат многу работиш, не ти чини пиарот, не знаеш да се фалиш. Ние не се фалиме, затоа што за нас тоа е редовна работа. Поважно од улиците, булеварите и објектите, Скопје се луѓето, Скопје е секој од нас што не е присутен во оваа сала, рече Шилегов и кажа дека нема да дозволат Скопје да се врати, во како што рече, црното минато.

Шилегов најави деказаклучно од февруари наредната година Скопје ќе добие нови 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас.

Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.