Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2021 20:28

Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот Петре Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загрепскиот градоначалник.

Денеска во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на загрепскиот градоначалник.

Утрото, заменичката на градоначалникот на Загреб Јелена Павичиќ Вукичевиќ ги прими градоначалниците на Скопје – Петре Шилегов, на Сараево – Абдулах Скака, на Белград – Зоран Радојичиќ, на Сплит – Андро Крстуловиќ – Опара, и на Љубљана – Зоран Јанковиќ, кои се запишаа во книгата на жалост во градската управа.

Долгогодишниот градоначалник на хрватската престолнина, Милан Бандиќ неодамна почина во загребската болница „Свети Дух“.

Лекарите не успеале да му го спасат животот на Бандиќ, кој бил примен со влошена здравствена состојба, предизвикана од срцев удар. Тие се обиделе со реанимација, но срцето на 66 годишниот Бандиќ не продолжило да чука!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam