
Македонија
Подвиг
Нови контејнери добива и Карпош. Како локална самоуправа одвоивме 2 милиони денари, а контејнерите ќе бидат поставени долж главните улици, но и на покритични локации, мапирани од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, вели градоначалникот Стефан Богоев.
Контејнерите се опремени со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање приспособена за користење за лицата со попреченост и упатства за правилно користење.
Град Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со зголемување на опремата и механизацијата за почист град. Сите носиме одговорност за чиста животна средина!

Градот Скопје вчера промовираше нова опрема и нов концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје.
Набавивме 540 нови контејнери, 30 нови контејнери за селектирање на отпад, 950 нови корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини.Во Скопје конечно се создаваат услови видливо да се подобри состојбата со хигиената на јавните површни. Во овој процес треба да учествуваме сите заедно – ние како институции, но и граѓаните како луѓе што го сакаат својот град, чист и убав, рече вчера градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа, рече Шилегов.
Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.