-ГТЦ е симбол на градот, како и да е, она што јас го зборувам е на почеток веднаш дадовме налог да се отвори автобуската станица, изјави градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јануари, 2019 12:42

ШИЛЕГОВ : На ГТЦ не му беше потребен “тоалет”, туку автобуска станица

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пред неколку дена на емисија на 1ТВ гостуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов при што одговараше на прашањата на граѓаните.

Актуелниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, во своето гостување на 1ТВ одговараше на прашањата од гледачите.

-Како срце не го боли за ГТЦ кога го гледа каков е, за сите оние ветувања кои што се кажуваа пред изборите дека ГТЦ ќе биде ваков, ќе биде онаков, го гушкаа заедно трговски. Дали градоначалникот еднаш има прошетано низ трговски, и дали некогаш кога бил во трговски ако бил освен во кафана или било каде, дали некогаш имал потреба да оди во тоалет бидејќи ние во трговски немаме јавен тоалет, тоа беше само еден дел од прашањето кое го постави една од граѓанките на емисијата на 1ТВ на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов образложи дека ГТЦ како правен субјект е посебен правен субјект што не е под Град Скопје.

-Како претпријатие како акционерско друштво, и директор што го споменаа е да тука е суштината од кај да почне човекот. Она што Градот го прави за ГТЦ, а не ни е да речам наша надлежност бидејќи тоа не е Град Скопје претпријатие, тоа е државно претпријатие . Па дури нели викаа зошто сум ја отворил автобуската станица, значи, ја отворивме повторно автобуската станица долу во ГТЦ и тој дел го уредивме со прекрасни графити, една галерија таму. Ама другото не е работа на Градот.
-ГТЦ е симбол на градот, како и да е, она што јас го зборувам е на почеток веднаш дадовме налог да се отвори автобуската станица, го уредивме тој простор, градски ја асфалтиравме таа улица бидејќи беше во катастрофална состојба и информациите што ги имаме дека тоа приземје што беше мртвило полека, полека се отвораат дуќаните кои што таму ги имаат луѓето. А, од друга страна завршена постапката за зелен кров на ГТЦ. Проект кој што Градот Скопје го работи заедно со UNDP и очекувам пролетва дека ќе биде завршено и во текот на летото првиот зелен кров во Град Скопје ќе биде токму на ГТЦ, појасни Шилегов.

„Затоа и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните за изгледот на ГТЦ и ќе го оставиме отворен за сите. ГТЦ бил изграден за да биде отворен, таков и ќе го направиме. Ќе ги санираме штетите од досегашната негрижа и ќе направиме зелен покрив на ГТЦ, за да го надоместиме лудилото со сечење на зеленилото што ни се случи во изминативе години. Ќе се создава нов јавен градски простор со содржини кои ќе ги вратат луѓето во ГТЦ, задолжителен пристап со лифтови до кровот, со што ќе им се помогне на дуќанџиите да ги вратат муштериите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Подвиг

Сашо Мијалков ќе ја промовира својата нова партија во која влегуваат Мите Лимунада Јанчев, Ивца Коневски, Нино Смрт Тодоров, Билјана Бришковска, Никола Поповски, Иво Котевски, 8-те мината предавници.

САШО МИЈАЛКОВ ЌЕ ПРОМОВИРА СВОЈА НОВА ПАРТИЈА: Влегуваат Јанчев, Иво Котевски, Поповски и многу други!

Како што пишува порталот дудинка.орг на Миленко Неделковски на повидок е нова партија...

Град Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со зголемување на опремата и механизацијата за почист град. Сите носиме одговорност за чиста животна средина!

ШИЛЕГОВ: „Набавени 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри и 950 корпи за џебен отпад„

Нови контејнери добива и Карпош. Како локална самоуправа одвоивме 2 милиони денари,...

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети, Оксфорд!

Македонецот Стефан Петревски, најдобар студент на Универзитетот во Оксфорд

Стефан Петревски е дваесетгодишно момче со позитивен дух и насмевка и соништа кои...