Шилегов најави индивидуална одговорност на одредени функционери од СДСМ

Објавил: Данаил Михајловски | 23 април, 2019 12:53

Шилегов: Нема логика да биде казнет Пендаровски, ако сте незадоволни од СДСМ!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Пораката од граѓаните е примена и таа допира до нас“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во врска со слабите резултати од првиот круг на претседателските избори, каде СДСМ го изгуби водството во 43 општини каде освои градоначалнички места. Според Шилегов гласачите не треба да ја казнуваат државата, иако можеби се незадоволни од работата на владејачката партија.

Процесот на утврдување на индивидуална одговорност е почната кај СДСМ. Благодарност до граѓаните за оваа опомена што ни ја испратија. После изборите ќе се утврдува поединечна одговорност и на локално ниво. Ако не се задоволни од владеењето на СДСМ, не треба да ја казниме државата. Чувствувам одговорност кон граѓаните и треба да се решаваат проблемите – рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, им порача на гласачите дека кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, ги заслужува нивните гласови. Тој не се согласува со констатацијата дека првиот круг е поразителен за СДСМ. Не би рекол дека е лош резултатот. Најверојатно тоа е порака дека некои работи треба да ги забрзаме. Ваквите пораки сериозно се сфаќаат од наша страна. Во вториот круг нема логика да биде казнет Пендаровски, кој најавува дека ќе ја води државата напред – рече Стефан Богоев, градоначалник од СДСМ во Карпош.

Пред изборите функционерите на СДСМ, вклучително и градоначалниците, активно учествуваа во кампањата на Стево Пендаровски и најавуваа негова голема предност и убедливо водство во првиот круг пред кандидатот на опозицијата, Проф. Сиљановска Давкова.

Првиот изборен круг заврши со минимална предност од 0,6% за кандидатот на коалицијата СДСМ-ДУИ, Алтернатива, ДОМ, партијата на Амди Бајрам, ДП на Павле Трајанов и Партијата на Србите на Драгиша Милетиќ. Најголем број од членовите на СДСМ по социјалните мрежи бараат одговорност од некои функционери на СДСМ кои не работеле соодветно на своите позиции на централно и локално ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.