Градоначалникот Шилегов не очекуваше дека овој настан ќе помине во најдобар ред се додека еден граѓанин не почна да зборува против него и Власта велејќи дека народот е незадоволен од нив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 19:11

Шилегов: Не ме гласајте веќе, јас сум градоначалник и не планирам да држам лопати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска ги покани медиумите на свечен настан, осносно на посадување дрвца. 

Градоначалникот Шилегов не очекуваше дека овој настан ќе помине во најдобар ред се додека еден граѓанин не почна да зборува против него и Власта велејќи дека народот е незадоволен од нив.

Телевизија Алсат го пренесе овој момент со своја анализа на случувањето на терен:

Во дворот на Архитектонскиот факултет беа засадени 7 садници. Иако две од садници не беа покриени со цел со земја да ги покрие првиот човек на градот, Петре Шилегов, тој рече дека не бил калибриран за такво нешто.

-Јас не сум градоначалникот кој што ќе фаќа лопати, кој што ќе сече ленти и кој што ќе облака жолти чизми затоа што се случуваат определени настани на територија на градот. Моја работа е овој град да го организирам да биде функционален и да биде риспонсибилен, односно да имаме брзи реакции, тоа е нешто што случува, рече Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Но, кога заврши оваа активност, еден граѓанин застана да го праша нешто градоначалникот Шилегов, на што тој почна да се однесува дрско и цинично, потценувајќи го овој граѓанин.

“Имај си убав ден, благодарам многу. Никад да не не гласаш више, немаш проблем, живеј си“-одговори Шилегов.

Оваа сторија ја пренесе телевизија Алсат и нивното видео на кое се гледа разговорот меѓу Шилегов и граѓаните, можете да го погледнете во продолжение.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.