Како што пишуваше вчера на социјалните мрежи тој со неговиот најдобар другар тротинетот, посетуваше состаноци и средби.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 март, 2019 0:18

Шилегов облечен во костум и вечерва на тротинет го заврте цело Скопје !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

И вечерва како што можеме да забележиме на Фејсбук профилот од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, е активен со својот електричен тротинет, но разликата од вчера е тоа што денеска се возеше низ Скопје облечен во костум.

На социјалните мрежи Шилегов вечерва повторно објави фотографии, облечен во костум како го завртел цело Скопје со неговиот електричен тротинет, се со цел да не го загадува градот и граѓаните да дишат чист воздух. 

Тој напиша кратка порака дека вечерва нема да каже колку километри поминал со тротинетот, за хејтерите да не морат да ги бројат саатите и минутите.

Најверниот пријател на градоначалникот на град Скопје, електричниот тротинет, кој по цел ден види на него и посетува состаноци и средби.

Може и во одело.
П.С. Денес не кажувам километри. Да не мора хејтерите да бројат саати и минути ….

П.П.С. Сакајте хејтери. Сакајте го и Скопје 😉

Како што пишуваше вчера на социјалните мрежи тој со неговиот најдобар другар тротинетот, посетуваше состаноци и средби и така помина 65 километри возејќи се низ главниот град.

Под иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов и град Скопје распишан е јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди се со цел да се намали загадувањето на градот и да се воведат нови навики во секојдневието на граѓаните.

СООПШТЕНИЕ:

РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.
Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со 30.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед.
Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед

Барателот треба да ги исполни следниве услови:
– да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);
– подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје;
– велосипедот да го купи од денот на објавување (11.03.2019 година) до денот на завршување на Јавниот повик (до 30.06.2019);

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.