Тој додаде дека Градот Скопје нема да застане со опремување на противпожарната бригада и подобрување на условите за работа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 ноември, 2020 16:11

ШИЛЕГОВ: РЕШЕН Е ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРОБЛЕМ СО ПЛАТИТЕ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По исцрпните разговори кои претставниците на Градот Скопје и на Владата ги водеа со синдикатите на скопските пожарникари решен е долгогодишниот проблем со покачувањето на платите на припадниците на бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По денешната средба во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда, градоначалникот Петре Шилегов обелодени дека е постигнат договор со кој преку измени на правилникот за плати, основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена за 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди.

– Најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесувањето на законот.

Моето инсистирање, и како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, е дека ние мора да имаме законска форма на решавање на проблемот на пожарникарите на ниво на целата држава, бидејќи ова е едно парцијално решение кое се однесува само на противпожарната бригада на Град Скопје. Овие луѓе секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде опфатена со целосно законско решение – рече градоначалникот Шилегов, по средбата.

Тој додаде дека Градот Скопје нема да застане со опремување на противпожарната бригада и подобрување на условите за работа.

– Ја подобруваме опремата која што ја имаат пожарникарите, ги подобруваме техничките ресурси, скалата очекуваме наскоро да дојде, за да ја олесниме и така тешката работа која ја работат овие луѓе. Задоволство ми е што успеавме сите инволвирани страни – Градот Скопје, синдикатите, Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и Кабинетот на премиерот, да изнајдеме решение кое ќе гарантира соодветен надоместок за трудот и ангажманите до донесувањето на законското решение – нагласи Шилегов.

Со усвојувањето на измените на правилникот уште од следниот месец треба да биде покачена основната плата на пожарникарите, а ова привремено решение ќе важи до моментот додека во Собранието не се донесе законското решение кое ќе ги регулира овие прашања долгорочно.

На денешната средба во станицата во Автокоманда присуствуваа и претставници од синдикатите на скопските пожарникари, од Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и претставник од кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...