- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

Објавил: Перо Милчин | 25 февруари, 2021 17:17

ШИЛЕГОВ: СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОСЛОБОДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.

– Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни таканаречени тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор којшто ќе служи на граѓаните како шеталиште. Согласно со програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на терасите, односно предните тераси на локалите.

Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со Телеком, кој за жал ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за една движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени саати во текот на денот, саат до саат и пол, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број на возила коишто ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење – изјави Шилегов во неговиот одговор на советничкото прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Имено, во оваа насока беа и неправедно квалификуваните и конструирани обвиненијата за учесниците од 27-ми Април, кои беа осудени како „терористи“, за потоа, дел од обвинетите да бидат селективно процесуирани и искористени за политичкиот пазар, кој СДСМ го направи за спроведување на анти-државните политики кои следеа и сѐ уште траат.

Левица со поддршка на семакедонскиот протест: Упaдот во Собранието беше испровоциран од влacта која го погази Уставот и законите

ПРОТЕСТОТ ЗА 27-МИ АПРИЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ДА СЕ БАРА ЦЕЛОСНО...

Роден е во селото Влахи, Мелничко, Пиринска Македонија, на 31 мај 1872 година.

СЛАВА ТИ: На пат од Мелник кон Неврокоп, кај Роженскиот манастир, од заседа е убиен Пиринскиот цар Јане Сандански

Јане Сандански е врвна личност во македонското национално ослободително движење пред...

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската химна на протестот на 25 април за слобода на осудените и затворени за настаните од 27 април 2017 година.

Дypлoвcки ќe ja пee xимнaтa нa пpoтecтот нa 25 aпpил зa cлoбoдa нa ycтaвобpaнитeлитe

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски објави дека ќе ја пее македонската...

Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Семакедонски протест на 25 април во 11 часот пред владата на Република Македонија

Почитувани, Ве поканувам на 25 Април (недела) 2021 година во 11 часот пред Владата на Република...