Оваа кампања годинава го опфаќа целиот Скопскиот плански регион.

Објавил: Стојче Бушин | 27 септември, 2020 11:59

ШИЛЕГОВ СО АПЕЛ: НЕ ГИ ПАЛЕТЕ СТРНИШТАТА, ГРАД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ПОДИГА ОСТАТОЦИ ОД БЕРБА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад.

Оваа кампања годинава го опфаќа целиот Скопскиот плански регион.

Викендов, кампањата за бесплатно собирање на остатоците од бербата, за да се спречи палењето на стрништа беше промовирана во општина Сарај. Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ги повикаа земјоделците од општина Сарај да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.

 Станува збор за земјоделски дел од градот и сакаме да им помогнеме на скопските земјоделци да ја загубат навиката за палење на стрништето, но и да добијат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Градоначалникот Беџети упати апел да не се палат стрништата на подрачјето на општината, со цел да се придонесе во борбата против аерозагадувањето.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...