Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, повторно денеска се возеше на електричниот тротинет, се со цел да ги мотивира жителите во Скопје, дека се може кога се сака.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов повторно е актуелен и присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет, кој по цели денови се вози и кружи низ Скопје.
Како што можеме да забележиме на неговиот Фејсбук профил, тој по цел ден виси на неговиот тротинет и врти кругови по градот.
Како што пишува на социјалните мрежи тој со неговиот најдобар другар тротинетот, посетува состаноци и средби.
Овие денови тој објави фотографии како тој со тротинет оди на работа и уредно преминува на пешачкиот премин во центарот на Скопје.
Откако социјалните мрежи буквално беа преплавени со коментарите дека тој еден ден ќе се вози со тротинет, а следниот повторно ќе си оди со автомобил на работа, објави цел албум со фотографии.
За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома …
И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака.
Сакајте го Скопје …
Која е следната негова дестинација на електричниот тротинет останува да видиме во блиска иднина.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.