Во дефилето што тргна од паркот „Ибни Пајко“ учествуваше и градоначалникот Шилегов.

Објавил: Сара Фемина | 20 септември, 2019 14:56

ШИЛЕГОВ ТРОТИНЕТОТ ГО ЗАМЕНИ СО ВЕЛОСИПЕД: „Ме радува што скопјани се повеќе користат велосипед„

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Стотици граѓани со своите велосипеди и електрични тротинети денеска учествуваа во велосипедско – пешачко дефиле по улиците на Скопје што традиционално се организира како дел од Европската недела на мобилност 2019.

Во дефилето што тргна од паркот „Ибни Пајко“ учествуваше и градоначалникот Шилегов. Велосипедистите се движеа по улиците во центарот на градот се до целта во Градскиот парк, на Школка и испратија порака за придобивките од користењето алтернативни видови транспорт.

Стотици граѓани со своите велосипеди и електрични тротинети денеска учествуваа во велосипедско – пешачко дефиле по улиците на Скопје што традиционално се организира како дел од Европската недела на мобилност 2019.

Ме радува фактот што традиционалното велосипедско дефиле секоја година има се повеќе учесници, поддршката расте, а скопјани се се почесто на велосипед. Во изминативе две години ние сериозно вложуваме во развој на велосипедската инфраструктура со цел да го стимулираме ваквиот начин на транспорт и на граѓаните да им овозможиме што полесно да стигнат од една точка до друга.

– За две години можеби во Скопје нема да ви биде потребен автомобил за да се движите низ центарот на градот. И сега не е потребен, бидејќи анализите покажуваат дека просечен граѓанин поминува 2 до 3 километри со автомобил што многу е побрзо и едноставно да се постигне пешки, со велосипед или тротинет, како што користам јас и стигнувам многу побрзо – изјави Шилегов.

Шилегов исто така изјави дека изминатиов период направени се велосипедски патеки во должина од 25 километри, со што е значително подобрена велосипедската инфраструктура, а зголемена е и безбедноста на велосипедистите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ: Отпочнат е нов начин на наплата на патарини, повеќе информации може да добиете ТУКА.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење – Намалена видливост поради магла

Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м и Охрид до 30м. ФРЕКВЕНЦИЈА:...

Со цел подигање на свеста за потребата од редовно користење на сигурносните појаси, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети, информации и одговори на клучните прашања за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас:

Заборавањето на сигурносниот појас некогаш чини живот

Една од причините за големиот број на загинати и тешко повредени лица во сообраќајни...

Според информациите од веб страницата на аеродромот, утринава на скопскиот аеродром, реализирани се сите полетувања меѓу кои за Гетеборг, Лондон и Ларнака, а слетале авиони од Копенхаген, Франкфурт, Берлин, Доха и Ларнака.

Авиосообраќајот на првиот ден од Новата година се одвива нормално

Авиосообраќајот во скопскиот аеродром на првиот ден од Новата година, се одвива нормално. Според...