Семето од шипката може да се користи за правње масло кое се употребува за козметиката и дерматологијата.

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 19:12

Шипинки- лек против настинка и вишок килограми!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Доколку сакате за кратко време да ги отстраните маснотиите и да го исчистите вашиот организам од штетните материи, сокот од шипинки е идеален за вас. Бројот на дебели лица секојдневно расте, а доколку мака мачите да ги отстраните вишокот килограми обидете се повеќе да консумирате сок од шипнки.

Плодот од шипка се користи за правење чај, џеми мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со витамин Ц и сите продукти од шипка се меѓу најдобрите извори за овој витамин.

Плодот може да се конзумира и сиров откако ќе се отстранат боцките и семките од внатрешноста. Боцките може да предизвикаат чешање, или иритација на дигестивниот систем доколку се козумираат во поголеми количини.

Семето од шипката може да се користи за правње масло кое се употребува за козметиката и дерматологијата.

Рецепти

За почетокот на денот – лажица сув и сецкан плод од шипинки, прелијте го со две чаши врела вода, и оставете го половина час. Оладете, процедете, додадете лажица мед по желба и напијте се пред јадење. Совршен е за расонување и добро расположение.

Го зајакнува имунитетот

– Три супени лажици сецкан, сушен плод од шипинки потопете ги во 0,5 литри ладна вода и оставете ги да стојат три дена. Потоа ставете ги да вријат половина час, оставете го да се олади, па процедете и измешајте со иста количина на млеко, засладете со лажичка мед. Пијте го пред спиење. Чајот го зајакнува организмот, особено кај постарите лица.

Сува кашлица и настинка

– Супена лажица добро исецкан сув плод од шипинки прелијте со 2 дл зовриена вода, покријте и оставете да одстои 15 минути. Процедете, засладете со лажичка мед и пијте пред јадење, три пати на ден. Ако е настинка причина за кашлицата, пијте почесто. Важно е секогаш да е свеж приготвен, никако подгреан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.