Вчера пак министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 16:18

Школската година ќе започне на први октомври!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и иден премиер на земјава,  на новинарско прашање поврзано со стартот на учебната година рече дека ќе има законски измени и дека ќе почне од 1 октомври.

-Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите.

Во меѓувреме и министерот Адеми најави измени за 15 септември, но беше категоричен дека на први септември не почнува школската година.

Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев.

Вчера пак министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во гостувањето во централниот Дневник на Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите.

Протоколите кои ги изготвивме се базираат на истите универзални принципи за заштита од болеста и спречување на ширење на вирусот. Тоа е носење на маска, одржувањето на дистанца и задолжителното често миење и дезинфекција на рацете. Нашата препорака да има физички присутни деца од првите три одделенија е со цел да се намали бројот на деца што би присуствувале во училиштето, во училниците. Бидејќи децата сигурно ќе се среќаваат на влезот, на почетокот и на крајот на денот и за време на одморите, препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите, а овие три одделенија да почнуваат во различно време со временска разлика од 10 минути. Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години“, изјави министерот Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

Мијалков спроведен од куќен притвор – во тек пресудата за „Таргет Тврдина“ (ФОТО)

Во моментов во тек е пресудата за предметот „Таргет Тврдина“. Судењето за „Таргет-Тврдина“...

Мицкоски посочи дека проблемот е што тој одлучува во моментов, проблемот е што неговите одлуки се погрешни и ја водат во бездна државата.

Мицкоски за случајот Мијалков: Не видовме одговорност затоа што криминалната мафија е заортачена

Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже...