Во последниот извештај на СЗО, стои дека лажните вести за неквалитетните вакцини довеле до пораст на заболени лица од морбили.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 13:07

Шокантна вистина за вакцините: Како ЦИА е поврзана со недовербата во вакцините, дали предизвикуваат аутизам, има ли жива во нив?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бројот на лица заболени од морбили е во пораст ширум светот, на пример во Њу Јорк владее една од најстрашните епидемии последните неколку децении.  Поради што? Токму поради овие осум митови. Во предградието на Њу Јорк прогласена е вонредна ситуација поради најголемата епидемија на светот, од мали сипаници.

Поради тоа во наредните 30 дена на сите малолетници кои немаат примено вакцина им беше забрането да излезат на јавни места, се додека не примат вакцина.

Станува збор за најнова епидемија во САД, од која во 2017 година починаа 111.000 лица ширум светот, известуваат од Светската здравствена организација.

Во последниот извештај на СЗО, објавен во ноември, стои дека лажните вести за неквалитетните вакцини кои се пласираат во медиумите, довеле до пораст на заболени лица за 30% меѓу 2016. и 2017 година.

Малиот број на заболени од морбили, би можел брзо да порасне дури и во десетици или сто илјади случаи, доколку граѓаните не се вакцинирани, истакнуваат од СЗО.

Најголем проблем се Северна и Јужна Америка, Европа.

Еве како се раширија митовите, а процентот на вакцинирани лица опадна, врз основа на научни докази за користење на вакцините.

Мали сипаници или морбили е високо инфективна болест на респираторниот систем предизвикана од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus.Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката).

1. “Вакцините можат да доведат до појава на аутизам”

Доколку го пратиме ова тврдење низ историјата, ќе дојдеме до британскиот хирург Ендру Вејкфилд.

Тој во 1997 година во весникот The Lancet објави дека вакцините против морбили, заушки и рубеола (MMР) се поврзани со зголемување на бројот на лица со аутизам во Британија.

Италија: “Нема вакцини, нема училиште” Тинејџер решил да се вакцинира по пребарување на интернет.

Мали сипаници, а голем проблем. Последователно, беа објавени серија на студии кои ја негираат врската помеѓу MMR вакцината и аутизмот, Лансет ја повлече колумната на Вејкфилд, кој беше избришан од регистарот на доктори на Велика Британија.

Меѓутоа иако неговите тврдења беа одбиени, сепак тие беа доволни за да ја намалат стапката на вакцинирани лица во Велика Британија од 92 проценти од 1996 до 84 проценти во 2002 година.

2. “IИмунолошкиот систем на децата не може да издржи толку вакцини

Децата до втора година би требало да примат најмалку 11 вакцини, но некои родители се загрижени дека тоа мое да влијае на нивниот имунолошки систем.

Вообичаено се загрижени поради тоа што сметаат дека вакцините функционираат како вирус кој може да доведе до одредена болест. Меѓутоа докторите тврдат дека вакцините смао го припремаат телото да реагира како што треба во случај на болест.

“Новороденчињата развиваат способност да ги отфрлаат страните тела. Во рок од неколку часа по раѓањето тие се имунолошки спремни за примање вакцина”.

3. “Болестите започнаа  да изумираат и пред да се појават вакцините

Овој аргумент гласи дека сега се подобри економските услови, има подобра исхрана, и да точно е дека подобрите услови за живот условно ја намалија смртноста пред да се појават вакцините, но забрзаниот пад на заболени се забележува тогаш кога се воведени вакцините, кои сепак имаат важна улога.

На пример, бројот на починати во САД опадна од 5.300 од 1960. на  450 во текот на 2012 година, сти во извештајот од Центарот за контрола и превенција на болести во САД.

Треба да знаете дека првата вакцина за морбили или мали сипаници се појавила во 1963. година.

Меѓутоа вакцинацијата не само што го намали процентот на лица заборени од морбили, туку и во наредните пет години бил намален бројот на заболени.

Според тоа постојат бројни докази дека падот на вакцинирани лица може да доведе до оживување на болестите од минатото.

Малите сипаници лесно се пренесуваат по воздушен пат преку кашлица и кивање од инфицирани луѓе. Исто така може да се пренесат преку контакт со плунка или назален секрет.Девет од десет луѓе кои не се имуни и се во контакт и делат простор со инфицирано лице ќе бидат заразени.

4. “И оние кои се вакцинирани се разболуваат”

Граѓаните кои се против вакцинација често ја користат оваа фраза, меѓутоа одговорот е едноставен, ниту една вакцина не е 100% ефиасна, од Шветската здравствена организација истакнуваат дека рутинската вакцинација на децата е успешна од 80 до 95 отсто од случаите.

Зошто? Затоа што секое тело на свој начин реагир ана вакцината, што значи дека нема сите луѓе да развијат имунитет од одредени болести.

5. “Фармацевската индустрија профитира од вакцините

Економистот од СЗО Милоуд Кадар, проценува дека светскиот пазар на вакцини во 2013 година има профит од 24 милијарди долари. Истата година, таа бројка се намалила за три проценти.

Во последните години пазарот за вакцини добива интензитет, поттикнат од проширувањето на програмата за имунизација во свежо индустријализираните земји како Кина и одлуката на многу богати луѓе за финансирање на истражувања за вакцини. Најдобар пример за тоа е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Сепак финансискиот интерес за вакцинирање на што повеќе луѓе има голема цел, бидејќи болеста е скапа.

6. “Ваквата болест е целосно искоренета од мојата држава, затоа не го вакцинирам детето”

Иако вакцините ја намалија инциденцата на многу болести, тоа не значи дека тие се под контрола во целиот свет. Некои од нив дури и создаваат големи проблеми во одредени држави.

Морбилите, поради глобализацијата, лесно може да се пренесат од континент на континент и да се шират во земји со ниски стапки на вакцинација.

Бројот на заболени од морбили во Европа се зголеми тројно помеѓу 2017 и 2018 година, достигнувајќи скоро 83.000 луѓе – најголем број во оваа деценија.

7. “Вакцините содржат небезбедни токсини”

Друга причина поради која родителите не сакаат да ги вакцинираат децата е употребата на супстанции како што се формалдехид, жива или алуминиум во вакцините. Овие супстанции може да бидат штетни во поголеми количини, но во вакцините напротив, тие се ефикасни.

Според американската управа за храна и лекови, просечната вакцина во  која има жива содржи околу 25 микрограми жива или по 0,5 милилитри во една вакцина, или како што велат, тоа е истиот износ на жива како и во 85 грама туна.

8. “Вакцините се заговор од Запад”

Верувањата дека вакцините се дел од заговорот против граѓаните сé уште постојат. Главен проблем во борбата против детска парализа во Северна Нигерија е верувањето дека вакцините може да предизвикаат неплодност кај девојките и да шират ХИВ, поради што дури и често пати ги нападнале здравствените работници. Истиот мит постои во Авганистан и Пакистан, единствените земји во близина на Нигерија, каде што вирусот е детска парализа, се уште е основен проблем.

На целата ситуација воопшто не и помогна и фактот што во март 2011 година, ЦИА, во обид да стигне до ДНК на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во Пакистан, користеше вакцинација против хепатитис Б. Нивниот план беше откриен, па недовербата во вакцинацијата стана уште поголема, иако таму само неколку лица беа вакцинирани.

Извор:Курир.РС

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Повторно ве мрзи да одите на тренинг? Размислете уште еднаш затоа што мора да бидете редовно активни, а тоа не е клучно само за добриот изглед туку и за вашата здравствена состојба. Хроничниот замор, слабост во мускулите, болки во грбот, чувство на слабост и малаксаност, можат да бидат предизвикани од физичка неактивност.

Постојано ви се спие? – Ова мора да го знаете

Зошто спијам по десет часа дневно, а и понатаму се чувствувам изморено?“ Константно...