Во ваква ситуација граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили односно истите да не бидат во близина на дрвјата.

Објавил: Сара Фемина | 13 август, 2019 20:30

ШОКАНТНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Утре големо НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд и грмежи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре доцна попладне и во вечерните часови нашата територија ќе биде под влијание на судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и значително посвежата од север).

Токму ова ќе услови на повеќе места развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во северната половина од државава, локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град кој локално има услови да биде од поголема величина.

Во ваква ситуација граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили односно истите да не бидат во близина на дрвјата.
Веќе од четврток ќе имаме многу пониски температури за разлика од сега, истите ќе бидат пониски за 8 до 10 степени во однос на сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Овој пад на температурите на воздухот особено ќе се почувствува во северната половина од државава.
Страшно невреме ќе го зафати и Балканот и регионот поради овој судир на овие две воздушни маси.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во најавата стои дека денеска ќе имаме сончево и многу топло попладне, а подоцна во текот на денот и ноќта се очекува наоблачување со на места со пороен дожд и грмежи.

По пеколното време следува драстична промена – подгответе се!

По екстремниот период на високи температури во нашата земја денеска не очекува мало...

Метеролозите најавија дека денеска ќе имаме Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9. Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза.

ВНИМАВАЈТЕ, МАКЕДОНИЈА Е ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Овие препораки мора да ги почитувате

Македонија денеска е во портокалова фаза, се препорачува да се одбегнува директно...