
Живот
Здравје
Во најновото истражување објавено во научниот магазин „Адикшн“, постои поврзаност помеѓу алкохолот и карциномот која не може да се објасни со други фактори. Научниците заклучиле дека постојат доволно уверливи докази за дефинитвно да се утврди дека пиењето на алкохол е директен причинител на болеста, тврди Џени Конор, еден од авторите на истражувањето.
Алкохолот директно предизвикува најмалку седум видови карцином, а опасен е дури и за луѓето кои уживаат во мали или умерени количини, предупредуваат научниците.
– Постојат силни докази дека алкохолот предизвикува рак на барем седум локации во телото, а можеби и на другите – рекла Конор.
– Дури и без сфаќање на биолошките механизми, епидемиолошките докази ја поддржуваат проценката дека алкохолот предизвикува рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дебелото црево и градите – рекла Конор и додала дека сè повеќе има докази и дека алкохолот предизвикува рак на кожата, простатата и панкреасот.
До заклучокот дошла по проучувањето на десетгодишните податоци на Светскиот фонд за истражување на ракот, Меѓународната организација за истражување на ракот, како и на Светската здравствена организација (СЗО).
– Најголемиот ризик е поврзан со поголемиот внес на алкохолот, но сериозен товар лежи и на оние кои пијат мали до умерени количини – предупредува Конор.
Според истражувањето што го спровела непрофитната организација „Кансер рисрч УК“, дури девет од десет луѓе не се запознаени со врската помеѓу алкохолот и ракот.
– Ова истражување е силен потсетник дека постои силна врска помеѓу тие две работи – рекла д-р Јана Вит, портпаролот на „Кансер рисрч УК“.
Шокантно откритие, црвените бобинки го лекуваат ракот.
Тимот научници кој дошол до ова шокантно откритие, го предводи доктор Глен Бојл, кој верува дека со користење на овој плод може да се спасат милиони животи!
Научниците од Бергхофер Медицинскиот Институт за истражување успешно ја изолирале состојката од бобинката која го убива ракот и докажале дека има силен ефект врз тумор на глава, дојка, дебелото црево, простатата, како и на меланом!
Бобинката содржи хемиско соединение кое е означено како EBC-46, а кое е тестирано на бројни животни со различни видови на тумор.
Одличниот ефект е потврден на повеќе од 300 мачки, кучиња и коњи.
Состојката се наоѓа фо семката на бобинката, а процесот на негово прочистување е многу комплициран.
Животните се излечени во 75% од случаите, а во Институтот планираат да започнат и експерименти на болни луѓе.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.