Корона вирусот се шири брзо. Вонредната состојба е ширум светот

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2020 18:56

ШОК: Ангела Меркел во карантин имала контакт со лекар позитивен на COVID 19

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Корона вирусот се шири брзо. Вонредната состојба е ширум светот. Доцна попладенво Ангела Меркел е ставена во карантин бидејки била во контакт со лекар кој бил инфициран од Корона вирусот.

Германската канцеларка Ангела Меркел сега мора да биде ставена во карантин . Владиниот портпарол Штефен Сијберт се огласи во неделата навечер во Берлин.

По нејзиното појавување во петокот навечер, канцеларката била известена дека имала контакт со лекар во петокот, кој во меѓувреме бил тестиран позитивно на  вирусот корона.

ВО Германија досега се инфицирани 24700 позитивно со вирусот КОРОНА додека пак  доесга умреле 92 лица. Само денес се починати 8 лица што е релативно малце во однос на Италија каде што само денес досега умреле 651 лице.

Вирусот не ја одмина ниту соседна Швајцарија, досега има 7353 инфицирани лица додека умреле 88 лица, бројот секојдневно се заразува особено таа бројка се покачува во вечерните часови.

Шпанските власти во неделата соопштија дека 394 луѓе починале во Шпанија во изминатите 24 часа поради вирусот  Корона. Ова е зголемување од околу 30 проценти.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, претходно го подготви населението за „многу тешки денови“, како резултат на ширењето на вирусот корона. „Мораме да се подготвиме психолошки и емотивно“, рече премиерот во телевизискиот говор во саботата. „Најлошото допрва треба да дојде“. Земјата се соочува со најголем предизвик од Шпанската граѓанска војна.

„Мораме да добиеме време за подобро да го подготвиме нашиот здравствен систем“, рече премиерот, зборувајќи за „трка против времето“ во набавката на потребната опрема.

„Во наредните часови“ ќе бидат дистрибуирани 1,3 милиони респиратори. 640.000 брзи тест сетови треба да пристигнат во следните неколку дена. Преговорите за уште шест милиони сетови беа во тек со Санчез.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.