Некогашната фудбалска легенда, неодамна направил детални медицински тестови и докторите го советувале дека лечењето треба да го ппродолќи со агресивен третман.

Објавил: Перо Милчин | 13 јули, 2019 16:39

ШОК ВЕСТ: Фудбалската легенда, Синиша Михајловиќ ја прекинува кариерата, ОТКРИЕНА МУ Е ЛЕУКЕМИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Синиша Михајловиќ српски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната, кој во моментов ја води екипата на Болоња, ја завршува својата професионална кариера поради озбилна болест!

Некогашната фудбалска легенда, неодамна направил детални медицински тестови и докторите го советувале дека лечењето треба да го продолжи со агресивен третман. 

Тренерот на Болоња, одлучи да ја прекине својата професионална кариера како би се соочил со озбилноста на болеста, тврди Коријере дело Спорт.

Михајловиќ на прес конференција за новинарите, откри дека неодамна му е откриена леукемија.

„Кога тргнав на подготовки со Болоња ми рекоа дека имам само температура и треска. Но, јас во животот никогаш немам покачена температура и по шестчасовни испитувања излезе дека боледувам од леукемија. Свесен сум што тоа значи, но и убеден сум дека ќе ја победам.
Ќе мора веднаш да заминам на лечење и убеден сум дека за моите деца и за сите оние кои ме сакаат ќе ја победам болеста.
Сакав да повикам прес-конференција и побарав да се почитува мојата приватност, но некои медиуми не ја испочитуваа, бидејќи сакаа да продадат неколку илјади примероци весници повеќе“, рече Михајловиќ на своето обраќање.

Кариерата ја започнал како лево крило, меѓутоа со преоѓањето во Италија бил прекомандуван во одбраната, каде што играл до крајот на својата играчка кариера.

Некогашната фудбалска легенда, Синиша Михајловиќ на прес конференција за новинарите, откри дека неодамна му е откриена леукемија.

За репрезентациите на СФР Југославија, СР Југославија и Србија и Црна Гора, Михајловиќ одиграл вкупно 63 натпревари и постигнал 10 гола, а учествувал и на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

Познат е како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тој и Џузепе Сињори се единствените двајца играчи во Серија А, кои постигнале по три гола на еден натпревар од слободни удари, а исто така го држи рекордот по бројот на постигнати голови од слободен удар во Серија А заедно со Андреа Пирло (28).
По завршувањето на играчката кариера работел како помошен тренер во Интер до 2008 година. После Интер, работел како главен тренер и ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Според српските медиуми деталите од убиствата се толку монструозни, како да ги извршувале по примерот на касапите од Исламската држава.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Прикажани обезглавени тела со траги на тортура и малтретирање, дело на групата на Беливук

По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар...

Крајниот рок за доставување понуди за испорака на вакви возови е 15 март.

ЧУДО ТЕХНИКА СТИГНУВА НА СРПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Новите возови ќе имаат минимум 300 места, подно греење и ќе возат до 200 км на час

Министерството за транспорт и инфраструктура објави јавна набавка на електричен воз. Тоа...

Авионот „Ер Србија“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 20 часот и 50 минути, а беше пречекан од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор во Белград Цен Бо.

СРБИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Половина милион кинески вакцини штотуку пристигнаа во Србија

Нов контингент од половина милион вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ пристигна...