Дека погребот може да се претвори во забава и смеење, покажа еден Ирец кој луѓето кои дошле на неговиот погреб, ги насмеал со солзи со забавно писмо. Луѓето буквално пукнале од смеење.
Додека сандакот веќе бил во гробница, а роднините и пријателите стоеле околу гробното место, одеднаш се слушнало тропање во дрво, а набрзо и гласот на починатиот:
„Ало, каде сум јас“, „Има ли некој“, „Пуштете ме од тука!“.
Тоа најпрво предизвика неверување кај присутните, а за кратко време сите да почнат да се смеат бидејќи сфатиле дека покојниот пред својата смрт подготвил изненадување, односно имал ставено аудио-порака во ковчегот.
Овој Ирец веројатно бил многу духовит човек штом на денот на својот погреб одлучил да се пошегува.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.